Експертите за „Пуч“: Заговорите за деструкција не се во интерес на граѓаните
Анкетите за рејтингот на партиите, за познавачите на политичките состојби, покажуваат дека СДСМ води погубна политика. „Со негативна кампања, не може да има пресврт“, вели новинарот Васко Ефтов...

„На Македонија не и е потребно украинско сценарио туку разумна политика и програма за просперитет“ - вели Александар Даштевски, анализирајќи ги случувањата за „Пуч“. Според него, заговорите за деструкција не се во интерес на македонските граѓани, а опозицијата остава впечаток на гневен заложник на неразумните политики на сопственото раководство.
„Дека во штабови се подготвуваат вооружени лица со палки и други предмети. Во случај да дојде до демонстрации и незадоволство кај народот, да направат ситуација слична како што беше ситуацијата на Мајдан во Украина, што значи целосна дестабилизација на државата, и тоа би бил некој вид на потежок вид на државен удар, односно како што популарно го нарекуваме ПУЧ“, вели аналитичарот Александар Даштевски.
Анкетите за рејтингот на партиите, за познавачите на политичките состојби, покажуваат дека СДСМ води погубна политика. „Со негативна кампања, не може да има пресврт“, вели новинарот Васко Ефтов.
„Предноста на ВМРО-ДПМНЕ, а слабост на СДСМ е дека последните анкети, кои беа правени некаде на почетокот на јануари, по сите тие протести на студенти, штрајкови на хонорарци и така натаму, под 8 отсто беше СДСМ. Со ниедна црна кампања досега се нема случено пресврт... Зборувам за Македонија, не зборам за Словенија или државите кои имаат поголема парламентарна традиција. Не може да се сврти јавното мислење“, нагласува Ефтов.
Даштевски не е поддржувач на идејата за меѓународно посредништво во решавањето на ситуацијата. Потег за почеток на нормализирање на состојбата гледа во враќање на опозицијата во Парламентот и продолжување со реформите.
„Гледаме дека Македонија се движи во позитивна насока. Сепак 3,5 % пораст на БДП не е мала работа во овој момент во Европа и единствено добра политичка програма“, смета Даштевски.
За аналитичарите, дека целата ситуација личи на големо сценарио диригирано од надвор, а дома предводено од опозицискиот лидер Заев, покажува и изјавата на довчерашниот грчки премиер Самарас.
„Јас верувам дека наскоро Скопје нема да постои како единствен субјект. Тоа значи дека времето е на наша страна бидејќи мислам дека тие нема да успеат да го одржат единството, кое веќе не е единство“, рече поранешниот премиер на Грција, Антонис Самарас.
Лидерот на СДСМ, на својот фејсбук профил им се закани и на „Македонските анонимуси“ кои најавија дека ќе објават разговори меѓу сопартицијците во СДСМ.
Им порача – подготвени сме за таканаречените анонимуси - нека почнат, па ќе видат што значат вистински анонимуси. Експертите веќе коментираа дека Заев ги држи во грч и своите во партијата со материјалите што ги поседува.
Наташа Гркова – Петрушевска
