Над 50 повредени во судар на два воза северно од Цирих
20.02.2015 10:12
Според швајцарските медиуми, воз од регионалната железница се судрил со друг на излез од железничката станица во Рафц. Според очевидци едниот воз излетал од шините и удрил во задниот дел на друг воз...

Два воза се судрија изутринава во Рафц, 30 колометри северно од Цирих, при што околу 50 лица се повредени, соопшти кантоналната полиција.
Утринава се случи несреќа, ситуацијата е сериозна, има повредени, изјави полициски претставник.
Според швајцарските медиуми, воз од регионалната железница се судрил со друг на излез од железничката станица во Рафц. Според очевидци едниот воз излетал од шините и удрил во задниот дел на друг воз.
Има превртени вагони, пристигнаа амбулантни возила, спасувачки екипи и пожарникари, објави весникот „Блик“.
Во прекин е железничкиот сообраќај меѓу Билах и Шафхаузен.
