Потреба од нов генерален урбанистички план во Струга
Јавна дебата за генералниот урбанистички план на Струга. Општината се правда со стариот несоодветен план, а архитектите се жалат на нестручната комисија во самата општина...

Центарот на заедницита на Општина Струга организираше јавна расправа со граѓаните околу донесувањето на генералниот урбанистички план на општината. Раководителот на секторот за урбанизам од Струга посочи дека најголем проблем е токму стариот урбанистички план кој изобилува со нелогичности и претставува најголема пречка.
„Од претходната гарнитура имаше еден предлог за детален план за тој дел, но имаше само двајца или тројца заинтересирани тука да градат, и се носеше цел блок предвидено хотелиерство, вкупно 63 хотели предвидени а тоа не е нормално. Сите сопственици на земјиштето не беа заинтересирани за иградба затоа што при донесување на детален план мора да се запази намената дефинирана со генералниот, значи не може да се донесе детален план кој што е спротивен со генералниот. Од тие причини требаше да се донесе таков план со 63 хотели што навистина нема логика“, вели раководителот на секторот за урбанизам во Струга, Ресуљ Хани.
Архитектите се жалат на нестручноста на комисиите кои општината ги има ангажирано околу донесувањето на урбаностичкиот план.
„Комисиите т.е. советот на општина Струга работи со стариот статут, значи не е донесен статутот на општината и не може членови на комисија за урбанизам според стариот статут, а тоа треба да се советници, надворешни членови и други стручни луѓе што разбираат од сферата на комисијата за урбанизам, а од ова што го гледам јас, стручни луѓе нема“, рече архитектот Али Хиса.
На Струга како туристичко место од големо значење е донесување на генерален урбанистички план но не по секоја цена, туку истиот да биде приспособен пред се во поглед на туризмот и потребата на граѓаните.
Јованчо Наумоски
