Субвенции: Исплатени 94 милиони денари за поледелство

20.02.2015 10:32

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари по хектар посеана површина полјоделски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата ја покачи на 12.000 денари по хектар...

На сметките на 7.181 земјоделец денеска се исплатени 94.000.000 денари субвенции како финансиска поддршка за посеани површини со поледелски култури, соопшти Министерството за финансии.

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари по хектар посеана површина поледелски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата ја покачи на 12.000 денари по хектар.

Владата на РМ ќе продолжи и во иднина да го поддржува поледелството со субвенции, како и останатите гранки во земјоделството, стои во соопштението.