МОН и СОНК ги продолжуваат разговорите

20.02.2015 13:08

Очекувањата на социјалните партнери во однос на реализацијата на заемно прифатливата спогодба постигната на 3-ти февруари годинава се позитивни, со оглед на постигнатиот степен на приближеност на ставовите...

Министерството за образование и наука и СОНК информираат дека преговорите меѓу претставниците на двете страни во рамките на социјалниот дијалог на највисоко ниво се реализираат интензивно и во позитивна насока.

Очекувањата на социјалните партнери во однос на реализацијата на заемно прифатливата спогодба постигната на 3-ти февруари годинава се позитивни, со оглед на постигнатиот степен на приближеност на ставовите за повеќе точки што се предмет на дискусија и анализа.

Во соопштението се вели дека двете страни изразуваат задоволство и уверување дека конструктивноста и натаму ќе биде основна одлика во пристапот за водењето ефикасен и ефективен социјален дијалог и во исполнувањето на обврските што произлегуваат од него.