Отворен контакт центар во Агенцијата за катастар на недвижности

20.02.2015 13:14

До Агенцијата за катастар на недвижности ќе можат да се пријават сите забелешки, мито, корупција и да се бараат информации за конкретен предмет...

Граѓаните и професионалните корисници од денеска ќе можат да добиваат информации  за недвижностите преку современиот контакт- центар на бесплатната телефонска линија 0800 80 800.

До Агенцијата за катастар на недвижности ќе можат да се пријават сите забелешки, мито,  корупција и да се бараат информации за конкретен предмет.

Посебни инфо линии ќе бидат наменети за странски инвеститори и домашни компании.