Ден на одлука за Грција во Брисел
Германија го отфрли и овој предлог како несуштински кој, според официјален Берлин, предизвикува нервоза во Унијата бидејќи дури 60 насто од околу 200 милијарди евра грчки долг отпаѓа на еврозоната...

Министрите за финансии на Еврозоната ќе решаваат за иднината на мерките на штедење за Атина, која излезе со најнов предлог за оддолжување на плаќањето на ратите од долгот за дополнителни шест месеци.
Германија го отфрли и овој предлог како несуштински кој, според официјален Берлин, предизвикува нервоза во Унијата бидејќи дури 60 насто од околу 200 милијарди евра грчки долг отпаѓа на еврозоната.
Другите пари Грција им ги должи на Европската централна банка, 6 насто, на Меѓународниот монетарен фонд, 10 проценти, во обврзници 10 насто, додека на грчките банки незначителни два насто.
Германскиот вицеканцелар Габриел оцени дека предлогот на Грција нема врска со бараните реформи.
