Концерт под маски во Струмица
Во рамките на карневалската агенда во Струмица беше одржан Концерт под маски. Талентирани ученици, ги освоија срцата на публиката изведувајќи познати оперски арии...

Не е миланската „Скала“, туку струмичкиот Дом на култура. Не се познати оперски пејачи, но се талентирани учленици на средното музичко училиште „Боро Џони“ кои интерпретирајќки ги познатите арии, го одржаа традиционалниот Концерт под маски. Над 150 ученици, заедно со своите професори, ја оживеаја оперската магија во рамки на карневалските празнувања.
„Произлегува од љубовта и почитта кон уметноста, почитта кон традицијата“, вели Клара Патарова- директор на ОМУ „Боро Џони“ Струмица.
Во рамки на карневалската агенда беше отворена и изложбата на фотографии. Наградите заминаа кај фотографот Горѓи Личоски од Скопје и струмичанецот Сречко Гунчев кој доби приознание за целиот досегашен ангажман околу карневалот.
„Во оваа награда мислам дека е вткаен целиот мој труд, не само што сум фотографирал на поворката, туку тука се и многу други случувања околу струмичкиот карневал“, вели фотографот Сречко Гунчев.
На изложбата пористигнале околу 200 фотографии од автори од цела Македонија. Од нив изложени се педесетина.
„Фотографиите имаа приказна, го отсликуваат амбиентот и суштината на струмичкиот карневал“, рече Ристо Филчев, организатор на изложбата.
Вечерва ќе се одржи традиционалниот Бал под маски, на кој ќе бидат избрани принцот и пржинцезата што ќе ја предводат утрешната меѓународна карневалска поворка.
Катерина Давчева
