Препораки за заштита од поплави по најавите за обилни дождови и снег

20.02.2015 14:25

Во препораките се наведува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР...

Поради најавите за нови обилни врнежи од дожд и снег во западните и јужните делови на земјата во недела на 22 февруари, Координатвното тело денеска упати препораки за заштита од евентуални поплави.

Во овие делови од земјата, според УХМР, под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекуваат обилни врнежи на дожд, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метри квадратни, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

Координативното тело повторно упати препораки до градоначалниците, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН, Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи.

Во препораките се наведува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР.

Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до ДЗС и да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови.