Олеснет пристапот на лицата со инвалидност до институциите

20.02.2015 14:45

Ова е уште еден проект од програмата на Владата, од кој што е насочен кон помош на најранливите категотрии на граѓани ...

Со проектот „Достапна администрација за лицата со инвалидност“, над 700 вработени во јавната и во државната администрација од вкупно 269 институции ќе ги надминат бариерите со кои што се соочуваат секојдневно и ќе им се олесни комуникацијата со државните служби за олеснување на постапките за остварување на нивните права и обврски кои што ги имаат во државните и јавните институции.

„Самиот проект помогна во обука на овие 776 вработени во институциите во насока на препознавање на лицата на инвалдност, надминување на бариерите и стереотипите со коишто се соочуваат, олеснување на постапките и помош на лицата со инвалидност во остварување на нивните права“,  изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Ова е уште еден проект од програмата на Владата, од кој што е насочен кон помош на најранливите категотрии на граѓани за ослеснување на нивната состојба за надминување на бариерите со кои што се соочуваат меѓутоа и за помош кон остварување на нивните права.