Вестбрук ја носи Оклахома во плеј - офот!
Со 34 поени и 10 асистенции, Вестбрук беше најзаслужен што ланскиот конфернциски финалист конечно влезе во плеј - оф зоната...

Инспириран од признанието МВП на НБА „Ол стар“ натпреварот, Расел Вестбрук блескаше во победата на Оклахома против Далас со 104:89. Со 34 поени и 10 асистенции, Вестбрук беше најзаслужен што ланскиот конфернциски финалист конечно влезе во плеј - оф зоната. Благодарение и на 22-та коша на Серж Ибака и неговите рекордни во кариерата 21 скок, Тандерс се израмнија на осмата позиција на Западот со Феникс со ефект 29-25. Кај гостите, Дирк Новицки постигна 14 поени.
На петтото место и натаму се Клиперс коишто во вториот ноќешен дуел го совлада Сан Антонио со 119:115 и го одржаа растојанието од две позиции во однос на шампионот. Екипата од Лос Анџелес има биланс 36-19 затоа што имаше тројца расположени кошаркари. ДеАндре Џордан реализираше 26 поени и 18 скока, но клучни беа седумте коша на Крис Пол и на Џамал Крафорд во последните триесетина секунди. Плејмејкерот го заврши мечот со 22 поена и 16 додавања, а бекот - шутер со 26 коша. Кај Спарс коишто имаат 34 триумфи и 20 порази најдобар беше Тим Данкан со 30 поени и 11 освоени топки под обрачите.
