Судир на фудбалски навивачи во Рим
20.02.2015 14:52
Навивачи на холандски Феенорд и на Рома се судрија со камења и со шишиња, а полицијата ги растерувала со солзавец и со пендреци...

Фудбалски натпревар и повеќе алкохол резултираа со хаос во Рим и уништување на историските споменици.
Навивачи на холандски Феенорд и на Рома се судрија со камења и со шишиња, а полицијата ги растерувала со солзавец и со пендреци. Среде хаосот настрада историската фонтана и сега градот Рим бара јавно извинување и отштета од Феенорд.
„Ова е недозволиво! Не смее да се дозволи нешто вакво на најубавиот плоштад на светот“, вели жител на Рим.
Уапсени се 23 холандски навивачи, а на 8-мина им се заканува затвор од шест месеци или глоба од 45 илјади евра.
