Наполи, Евертон и Бриж веќе осминафиналисти
Наполи фуриозно прошиша низ Трабзон, откако имаше 3-0 уште по првиот полчас игра со головите на Хенрике, на Игуаин и на Габиадини. Четвртиот го даде Запата во судиското надополнување...

Хит на првите 1/16-финални средби во Лига Европа беше „убавицата“ во Глазгов. Фановите на Селтик се држеа за глава кога по 13 минути Интер воеќе водеше со 2-0 со головите на Шакири и на Паласио. Сепак, до 26-та веќе беше 2-2, откако погоди прво Армстронг, а потоа во својата межа и Кампањаро. Непосредно пред паузата Паласио пак обезбеди предност за Интер, но Шкотлаѓаните преживеаја откако во третата минута од судиското надополнување конечните 3-3 ги постави Гвидети.
Наполи фуриозно прошиша низ Трабзон, откако имаше 3-0 уште по првиот полчас игра со головите на Хенрике, на Игуаин и на Габиадини. Четвртиот го даде Запата во судиското надополнување. Наполи можеше да слави и поубедливо, но во финишот Мертенс промаши пенал.
Евертон му приреди слична катастрофа на Јанг Бојс. Посетата на Швајцарија вечно ќе ја памети Лукаку, којшто постигна три од четирите погодока на англискиот тим, а можеше и уште толку. За конечните 4-1 придонесе и Колмен.
Гостински победи забележаа и Бриж, 3-1 против Алборг и Зенит, 1-0 против ПСВ Ајндховен.
Пред своја публика, со 1-0 бранителот на титулата Севиља ја победи Борусија Менхенгладбах, Ајакс Легија, а по многу мака и со гол од пенал на Балотели дури во финишот, Ливерпул го скрши Бешикташ. Со 2-0 Волфсбург го доби Спортинг, а Днипро Олимпијакос. Фиорентина однесе од Лондонн 1-1 против Тотенхем, во сенка на нередите што ги предизвикаа холандските навивачи во Рим, Рома и Феенорд исто така одиграа 1-1, а во Италија не победи и Торино, ремизирајќи 2-2 со Атлетик Билбао.
Динамо Киев поведе кај Генгам, но откако остана без двајца играчи сепак загуби со 2-1. Со истиот резултат Вилјареал беше подобар од Салцбург, а немаше голови само на дуелот Андерлехт-Динамо Москва.
