Полицијата откри група мигранти во воз на релација Гевгелија- Скопје

20.02.2015 15:20

Станува збор за 32 мигранти, најверојатно од Пакистан и од Сирија, на возраст меѓу 20 и 30 години...

Полицијата откри илегални мигранти кои патувале со воз на релацијата Гевгелија- Скопје.

Станува збор за 32 мигранти, најверојатно од Пакистан и од Сирија, на возраст меѓу 20 и 30 години.

Сите се префрлени во прифатниот центар за странци.