Mакедонските стартапи ги „продаваат“ бизнис идеите

20.02.2015 15:49

За развој старт- ап компаниите за грантови лобираат кај инвестициски фондови, очекуваат подршка и од меѓународните и домашни компании...

Најмногу бизнис идеи младите нови претприемачи продуцираат во информатичките технологии, креативните индустрии, обновливите извори на енергија – велат од „Њу Менс“ акцелераторот. За развој старт- ап компаниите за грантови лобираат кај инвестициски фондови, очекуваат подршка и од меѓународните и домашни компании.

„Сега сме во процес на зголемување на инвестициите во Македонија и некои други балкански земји. Сметаме дека во вашата држава има добра старт- ап заедница“, вели Татјана Забасу, директор на инвестицискиот фонд РСГ Капитал- Љубљана.

На адреса на овие старт- ап бизниси повик од Владата, да конкурираат за кофинансирани грантови до 30 илјади евра, 85 проценти пари од државната каса, 15 насто од сопствени извори.

„Сепак многу подобро е кога инвестициите ќе дојдат од самите претприемачи, од странски инвестициски фондови, домашни инвестициски фондови и од домашни компании и затоа ги поддржуваме овие инвеститори кои денеска се тука присутни“, изјави Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација.

Во првиот бизнис акцелератор со македонско- американски капитал, стар- ап фирмите   имаат неколкумесечна едукација и анализа колку потенцијалниот производ ќе биде исплатлив и конкурентен на пазарот, како тимски да се развие бизнисот до степен – спремни да примат инвестиција. 

„Целта е да се дојде до можност за инвестирање од страна на странски инвеститори, значи освен во големи и етаблирани компании да инвестираат и во ризичен капитал, а тоа се страрт-ап компании, а уште подобро е доколку тој капитал биде мечиран и со капитал од домашни инвеститори“, вели Ирена Чаушевска, директор на „Њу менс бизнис“ акцелератор.

„Њу менс бизнис“ акцелераторот работи партнерски со унивезритетите, компаниите и државните институции. На новите млади претприемачи им нуди и престој во Америка за да го доловат пласманот на производите на тамошните пазари.

 

Сузана Фиданска- Стоевска