Хан: Функционерите да се вратат во Собранието, доказите за криминал да се достават до институциите
Два пати за три дена еврокомесарот Јоханес Хан со иста порака- опозицијата да се врати во Собранието, со случајот „прислушкување“ да се занимава судството и обвинителството. На прес- конференција тој рече дека побарал помош и од други европски институции...

Јасна и недвосмислена порака од комесарот Хан. Опозицијата да се врати во Собранието и политичката дебата да се води во Парлемнтот, додека пак оние што имаат какви било докази за криминал, истото да го достават до државните органи и обвинителството - ова го истакна комесарот Хан на денешната прес- конференција во Брисел, по првата посетата на на нашата држва.
„Факт е дека опозицијата веќе две години не е во Парламентот, што не треба да преставува случај за држава која има европска перспектива. Затоа секогаш барам сите партнери да го решат овој конфликт со почитување на основните принципи на владеење на правото, а ако има некакви материјали што обвинуваат дека има криминално влијание или нешто такво, треба да се достават до оние кои се на власт, а тоа е обвинителството и судскиот систем кој треба ова да го проследи на адекватен, независен и транспрентен начин“, нагласи еврокомесарот Хан.
Комесарот Хан рече дека во земјата ja испратил оваа јасна порака до сите политички страни и се обидел да се сретне со сите политички актери, не само со Владата, туку и со лидерите на опозицијата.
Сите политички страни треба да ја решат сегашната политичка разлика во Парламентот, со целосно почитување на основните права и независност на судството. Затоа побарав поддршка и од други европски институции, посочи Хан.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
