Заев објави нови аудио- снимки
Нови аудио-материјали со прислушувани разговори што ги поседува, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во голем дел од нив го има директорот на УБК, Сашо Мијалков. Аналитичарите коментираат дека паѓа во вода тезата на првиот човек на опозициската партија дека материјалите му се од дома, зашто нелогично е Мијалков сам да нарача да го снимаат...

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави нови материјали од прислушкуваните разговори што ги поседува. Прислушувани и снимани разговорите на актуелни функционери и луѓе од медиумите. Во нив доминираат телефонските разговори на директорот на УБК, Сашо Мијалков.
„Овој процес е можеби шок во моментот за целата земја. Но верувајте, најверојатно мораше да се случи. Но, после шокот доаѓа сонце, доаѓа убава иднина на нашата земја. Затоа реков, уште во првата изјава- радувајте се, зошто процесот ќе ја донесе слободата, демократијата и европските вредности“, изјави Заев.
Со денеска објавените разговори се потврдува впечатокот дека еден од најприслушкуваните е Мијалков. Според тоа апсолутно нелогично е, велат аналитичарите, самиот тој да наредил да се снимаат неговите разговори, како што тврди Заев.
Според нив искреираните материјали кои до сега ги објави Заев, а во кои се прислушувани актуелни функционери, покажува дека се работи за смислено сценарио од странски центри.
„Очигледно се вмешани разни структури и центри на моќ, очигледно странски, помогнати како што гледаме според притворените кои работеле во МВР и можно е да ги злоупотребиле машините за снимање без судска наредба“, вели аналитичарот Тони Науновски.
Во обид да спакува и да стави во одреден контекст креирани разговори, СДСМ го направи спротивното и несакајќи покажа дека постоеле јасни докази за аспењето на Љубе Бошкоски, за нелегално земање огромни суми пари за финансирање на кампања.
Наспроти тврдеањата дека станува збор за политички монтиран случај, се покажа дека Бошкоски незаконски земал стотици илјади евра.
Во еден од разговорите директорот на УБК посочува дека нема да дозволи насилство на изборите и се мора да биде според закон и за секого да важи законот, без разлика на “наши“ и “нивни“, како што се вели во еден од разговорите на Мијалков.
Овие и претходно објавените материјали покажуваат дека се следени луѓе од највисоката власт, што го потврдува тоа што и самиот заев го кажа дека материјалите ги добил од странски центри.
Миле А. Ристески
