Аналитичари за случајот „Пуч“: СДСМ сака да дојде на власт без избори
Експерти со став дека преку случајот „Пуч“ СДСМ покажува дека сака да дојде на власт без избори. Според нив, сепак, народот одлучува кој ќе ги води, а тој досега избирал програма наместо афери...

„СДСМ очигледно сака да дојде на власт без избори, без поддршка од народот“- толкуваат новинари и експерти. Според нив, раководството на Бихаќка нема програма и проекти кои би биле адут за добивањето на довребата кај граѓаните. Велат дека народот е тој кој одлучува кој ќе дојде на власт, а на опозициската партија и треба промена во лидерската позиција.
„Тие мора да го сменат и да се вратат кон нормалните демократски начини и методи за политичка борба“, смета аналитичарот Тони Науновски.
Новинарот Зоран Димитровски го коментира колумнистот, Ивор Мицковски, кој има доза на критики кон потезите на опозициската партија:
„Мислам дека авторот е премногу опседнат со слабиот капацитет на Заев и раководството на СДСМ да организира протести, да го возобнови отпорот, да понуди политичка алтернатива и да го обедини народот. Немам илузии за способностите на Заев и Шекеринска, напротив, но мислам оти е погрешно да се мисли дека режимот мора да падне само популистички.“
Димитровски вели дека поддржувачите на Заев посакуваат албанските партии да и го свртат грбот на владеачката. Дали деструктивните сценарија се единствен излез? Стево Пендаровски во коменаторот за меѓународно посредништво за решевање на состојбата ја спомена и 2001-та што се толкува како обид за влевање страв кај граѓаните.
„Се плашам дека мора да дојдат ако не сакаме да ни се случи 2001- без пушки, да ја загубиме државата сите“, рече Пендаровски.
Аналитичарите сметаат дека не се доаѓа на власт со помош На странски служби и оти токму таквите обиди на СДСМ ќе бидат казнети од народот. Сега во новото време некој со уцени со материјали добиени од странска служба да се заканува за да дојде на власт е нешто што е под секое ниво на нормално размислување, посочи политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Професорката Тања Карамишева, пак, вели дека демократски изразената изборна волја на граѓаните е неприкосновена во секоја демократска држава, така што секој оној кој посегнува против изборната волја на граѓаните во насока на нејзина насилна промена или уцена за нејзино искривување, повикувајќи се притоа на институти кои се неуставни во земјата, се соочува со кривична одговорност.
На почетокот на месецов, премиерот Груевски во обраќање до јавноста рече дека Заев се обидел со уцена преку прислушкуваните материјали што го добил од странски служби да изнуди техничка влада.
Наташа Гркова- Петрушевска
