ИДИЛ: Ние сме одговорни за нападите во Либија
20.02.2015 18:56
Најтешкиот напад се случил кога автомобил на брза помош удрил во бензинска станица...

Либискиот огранок од Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствените бомбашки напади во град на истокот на Либија во кои загинаа најмалку 45 лица.
Најтешкиот напад се случил кога автомобил на брза помош удрил во бензинска станица, а уште два автомобили бомби експлодирале во близина на домот на претседателот на парламентот и кај седиштето на службата за безбедност.
Екстремистичката група навела дека сакале одмазда за крвта на муслиманите пролеана во градот Дерна, упориште на радикалните исламисти.
