Авто- шоу во Вашингтон: Закрепнува американската автомобилска индустрија

21.02.2015 13:25

Шевролет, Доџ, Лексус, Инфинити, Џип, се само неколку од американските автомобилски компании што традиционално ги изложуваат своите иновации на Авто шоуто во Вашингтон. Трендот е производство на еколошки чист и економичен автомобил достапен за сечиј џеб...

Американската автомобилска индустрија закрепнува по падот за време на економската криза во 2008-та. Се повеќе автомобилски компании се концентрираат на производство на автомобилот на иднината - еколошки чисто и економично патничко или теренско возило. 

„Екс-И-9 зад мене ќе биде првиот теренски автомобил со приклучоци за батерии. Ќе има можност да троши бензин или електрична енергија или пак комбинирано. Со една батерија ќе може да помине 50 милји“, вели Расел Дец- претставник на Волво

На Авто шоуто во Вашингтон, може да се видат сите американски брендови на автомобили, и оние достапни за џебот на средната класа Американци , но и полуксузните наменети за богатите директори и сопственици на бизниси.

„Многу купувачи очекуваат дека автомобилите Инфинити се поскапи поради повисокиот квалитет, но ние сме за безбеден автомобил. Овој автомобил зад мене има поголем простор на задното седиште и е наменет за директори на компании“, изјави Натали, преставник на автомобилската компанија Инфинити.

Американците се повеќе сакаат европски марки на автомобили.

„Немам омилен автомобил, но што се однесува до марките автомобили, ми се допаѓаат Ауди и БМВ“, вели вработен во Авто- шоуто.

На последното Авто шоу во Вашингтон, Форд доби награда за најеколошко теренско возило.

Најголемата изложба на автомобили во Соединетите Американски Држави се одржува во главниот град Вашингтон.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ