Обновен ентериерот во Театарот за деца и младинци

21.02.2015 13:49

Театарот денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска...

Театарот за деца и младинци е целосно ентериерно уреден со проект и финансии на Министерството за култура. Има нови седишта во гледалиштето, нова електрична инсталација, ново фоаје и тоалети. Покрај обновената внатрешност, оваа национална установа е и доекипирана  - вработени се осум нови актери, по двајца режисери и драматурзи и административен кадар.
 
Театарот денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која  е задоволна што во краток рок е извршена реконструкција со која театарот доби нов изглед и е ставен во функција, и вечер во нов амбиент ќе ја изведе претставата „Могли“.  
 
Остануваат уште неколку помали зафати со кои проектот ќе биде целосно завршен.