Тројно австриско славје – најбрз Мајер !
На исклучително тешката патека на којашто ова беше прва трка во најбрзата дисциплина по пауза од 21 година...

Австриските алпски скијачи се извадија за неуспешните настапи на неодамнешното светско првенство во Бивер Крик и на првиот натпревар од Светскиот Куп веднаш по него, денешниот спуст во Залбах на домашен снег, забележаа тројна победа.
На исклучително тешката патека на којашто ова беше прва трка во најбрзата дисциплина по пауза од 21 година, само вторпат во кариерата триумфираше олимпискиот шампион од Сочи, Матијас Мајер. Во деликатни временски услови со намалена видливост, на целта тој беше за две стотинки беше побрз од Макс Франц. Пиедесталот го надополни златниот од Бивер Крик во супервелеслалом, Ханес Рајхелт, којшто заостана 29 стотинки.
Иако дванаесетти денеска, водството во спуст-поредокот го задржа Норвежанецот Кјетил Јансруд, сега со 459 бода, пред Италијанецот Доминик Парис со 312 и Мајер со 296. На чело на генералниот пласман и понатаму е Австриецот Марсел Хиршер со 1014 бода, пред Јансруд со 854 и Германецот Феликс Нојројтер со 662.
