СК во алпско скијање, велеслалом (ж) во Марибор

Фенингер триумфално на Похорје

21.02.2015 17:31

Водечката по првата трка Фенингер заостануваше речиси половина секунда на последното мерно место од втората, но со извонреден финиш сепак оствари најдобро вкупно време...

Австриско славје имаше денеска и на женскиот велеслалом во словенечки Марибор. На првиот ден од 51. „Златна лисица“ на Похорје, како и на недоманешниот мундијал во Бивер Крик, победи Ана Фенингер, пред Германката Викторија Ребензбург.

Водечката по првата трка Фенингер заостануваше речиси половина секунда на последното мерно место од втората, но со извонреден финиш сепак оствари најдобро вкупно време. За само четири стотинки таа ја претекна Ребензбург, додека третопласираната Тина Вајратер од Лихтенштајн задоцни 30 стотинки.

Домашната публика остана разочарана, бидејќи словенечката великанка Тина Мазе излета од патеката на две капии пред целта на првата трка. И покрај тоа, таа го сочува водството во севкупниот поредок за Светскиот Куп со 985 бода, но сега Фенингер е втора со 901. Заотанувааат американките Микаела Шифрин со 650 и Линдзи Вон со 646. Фенингер го врезеде врвот во пласманот во велеслалом, каде што сега има 342 бода, пред Австријката Ева-Марија Брем со 296 и Шифрин со 271.