Реновиран театарот за деца и млади
Реновираниот ентериер ќе ја направи атмоферата попријатна за посетителите кои годинава ќе имаат можност да ги гледаат и најавените три премиери...

Најмладите од понеделник ќе уживаат во седум претстави поставени на сцената на театарот за деца и младинци кој од денеска има ново руво.
Реновираниот ентериер ќе ја направи атмоферата попријатна за посетителите кои годинава ќе имаат можност да ги гледаат и најавените три премиери меѓу кои и Орвеловата животинска фарма, адаптирана за деца, како и куклената верзија на Петар Пан. На сцената ќе биде поставена и младинската “Денес не напишав ниту еден збор”.
Театарот е доекипиран и со осум нови актери, по двајца режисери и драматурзи како и административен кадар.
Само во декември се прикажани 31 претстава во која уживале повеќе од 3.500 посетители. Освен изведбите на домашната сцена, најавена е балканска турнеЈа, а со претставите Македонска приказна и Оливер Твист театарот ќе гостува во Монс - Белгија, кој се смета за престолнина на европската култура за оваа година.
Анита Димитријевска
