Туристичките водичи ќе соработуваат со Археолошкиот музеј

21.02.2015 18:21

На светскиот ден на припадниците на професија, пак, Меморандум за соработка потпишаа Здружението и Археолошкиот музеј...

Туристички водичи- амбасадори на земјата. Луѓе кои се своевидно лице, првична претстава за посетителите на Македонија. Скромни се па велат дека е голема чест да се има задача, особено на странските туристи да им се претстават убавините на сопствената земја, културното наследство.

А во благородна Македонија, вистинско богаство се различните етнички заедници нивните јазици и религии. Па придобивка е што може да бидат пречекани гостите од водичи кои го говорат нивниот јазик.

Веќе се надминуваат и проблемите кои ги имаа со нерегистрираните водичи, велат, па сега речиси и да ги нема.

До неодамна, повеќето од туристичките агенции во земјава за патувањата во атрактивни европски дестинации ангажираа водичи од соседните земји. Од здружението се надеваат дека оваа нелегална појава се повеќе се искоренува.

На светскиот ден на припадниците на професија, пак, Меморандум за соработка потпишаа Здружението и Археолошкиот музеј.

За само четири месеци откако е отворен Археолошкиот музеј го посетиле 15.000 туристи.

 

Фиљана Кока