Аналитичари за „Пуч“: Опозицијата е во ерозија

21.02.2015 18:33

„Сведоци сме на се поголема политичка ерозија кај опозицијата“ - аналитичари за новите аудио-записи што ги објави Заев. Не веруваат дека ваквиот начин наоѓа плодна почва кај народот...

„Новите аудио-материјали со прислушувани разговори што ги објави Зеаев ја покажуваат се поголемата политичка, но, и морална ерозија кај него и неговата партија“, вели аналитичарот Александар Падов. Според него, стратегијата на опозицискиот лидер за нанесување штета врз државата се урива како кула од карти и сценаријата на уцени не поминуваат кај народот.

„Лошата работа е во тоа што тоа не им успева и секојдневно се повеќе и повеќе искажуваат нервоза, агресија, која што гледаме дека сега за сега се задржува само во нивните редови. Добра работа е што семето на злото кое сакаат да го посеат, никако не наоѓа погодна почва кај Македонецот“, смета аналитичарот Александар Пандов.

Пандов констатира дека се посмешна е тезата оти Заев материјалите ги добил од домашни служби поради тоа што во голем дел од последните објавени аудио-записи го има шефот на УБК, Сашо Мијалков. За него, нелогично е првиот човек на управата сам да си нарача прислушување што покажува дека Заев си дал автогол и неговата лага се разобличила.

„Очигледно е дека тие снимки се нелегални во официјална судска постапка, затоа што се прибавени на незаконски начин. Очигледно се вмешани разни структури и центри на моќ, очигледно странски, помогнати како што гледаме според притворените кои работеле во МВР и можно е да ги злоупотребиле машините за снимање без судска наредба“, вели аналитичарот Тони Науновски.

Според аналитичарите, Заев со последната прес-конференција уште повеќе му наштетил на Љубе Бошкоски затоа што пуштил разговор од кој се гледа дека тој бил уапсен под сомнеж за сторен изборен криминал и на лице место фатен со 100 илјади евра.

За нив, Заев губи, и по што го објавил и другиот разговор, каде што директорот на УБК вели дека ќе нема толеранција за кој било што ќе се сака да им наштети на изборите.

Пандов вели дека луѓето блиски на СДСМ, се се понервозни и губат кредибилитет во очите на јавноста.

„Тоа се луѓе кои добиваат пари од странска служба, добиваат пари од СОРОС и тие се платени да шират непријателска пропаганда во Македонија, тие се платени да направат раздор меѓу Македонецот, тие секојденвно се обидуваат и на најпозитивното нешто да го извртат и да го направат негативно“, нагалсува Пандов.

Експертите потсетуваат како постапувал СДСМ во слични случаи за кои сега глуми загриженост ги и споменуваат – вперените пиштоли во деца на лица од приватна агенција при апсење, нехуманото однесување кон Диме Поштарот и на другите уапсени кои што сведочеле за лошиот пристап во 2002 година.

 

Наташа Гркова- Петрушевска