Во источното дерби на НБА

Атланта потклекна пред Торонто

21.02.2015 18:41

Во првиот дуел по паузата поради викендот на сите ѕвезди, Хоукс загубија на свој паркет со 105-80. За девет минути на теренот, Перо Антиќ постигна пет поени и оствари два скока...

Во НБА лигата, Атланта убедливо го загуби источното дерби со Торонто. Во првиот дуел по паузата поради викендот на сите ѕвезди, Хоукс загубија на свој паркет со 105-80. За девет минути на теренот, Перо Антиќ постигна пет поени и оствари два скока. Лу Вилијамс со 26 и Маркус Де Розан со 21 кош беа најпрецизни кај Репторс, коишто се уште се втори на Исток со биланс 37-17. Атланта, за којашто Џеф Тиг, Пол Милсап и Кајл Корвер дадоа по 11 поени, е конференциски лидер со 43 победи и 12 порази.

Од пребогатата ноќешна програма со вкупно 13 натпревари, уште и за триумфот на западниот лидер Голден Стејт над Сан Антонио од 110-99. Стивен Кар даде 25 коша, а Клеј Томпсон уфрли 21 за Вориорс, додека Кавај Леонард и Арон Бејнс со по 12 поена беа најефикасни во редовите на Спарс.