Украина: Една година од соборувањето на Јанукович
21.02.2015 19:09
Илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во протестите...

Русија и Украина одбележуваат една година од соборувањето на украинскиот претседател Јанукович. Илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во протестите.
„Повеќе од 4 илјади луѓе од самоодбраната на Мајданот отидоа да се борат до смрт за независноста на нашата земја од силите на мрачната и проклета хорда“, изјави Петро Порошенко, претседател на Украина.
Во Москва, повеќе од 50 илјади поддржувачи на владата со марш под мотото „Да не простиме“ ја одбележуваат годишнината од, како што велат, „државниот удар“ во соседна Украина. Во меѓувреме продолжуваат борбите и обвинувањата меѓу украинската војска и проруските бунтовници за кршење на примирјето кое беше постигнато во Минск.
