Позитивни искуства на стажантите од Директоратот за проширување на ЕК во Македонија
15-тина практиканти од Европската комија, од Директоратот за проширување, кои дојдоа на нивно инсистирање во државата, понесоа позитвини ставови и мислења нивнот престој. Беа на средби со претсавници на институциите, универзитетот, граѓанскиот сектор, како и во Старо Нагоричане каде што се врши реставрација на споменикот на културата од 14-тиот век Црквата Свети Ѓорѓи...

Како тече процесот на евроинтеграциите, кои проекти се реализираат во Макеоднија како земја кандидат за влез во Европската унија од областа на усогласувањето на легислативата, образованието, малцинските прашања, науката и културата, беа клучните точки за кои се информираше групата од 15 –тина стажанти во Директоратот за проширување на Европската комисија при посетата на земјава.
На средбата на економскиот факултет во просториите на Европскиот документационен центар, се запознаа со проектот за слободата на движење на капитал, услуги и луѓе што го реализираат нашите институции со ЕУ.
На младите стажанти им беше одблизу кажано како функционираат ЕУ-И лајн точките, од кои едната е на овој факултет и преку разни проекти , презентации и информации им стои на располагање на студентите за се што е поврзано со Унијата.
„Организираме разни активности кои ќе ја доближат ЕУ до студентите, како и до професорите на Факултетот. Постојано имаме семинари и лекции, кординирано со луѓето кои работат на оваа проблематика , на најразлични теми како што се слободното движење на луѓето, образованието, правата на потрошувачите , политиките на Евопската унија и слично“, вели професорка од Економскиот факултет.
Една од најдобрите можности која е отворена и за младите од нашата држава е програмата за мобилост Еразмус.Стекнатото искуство за време на студирањето е непреценливо вели еден од стажантите кој студирал во Словенија , Фарнција САД и Полска.
„Би ги повикал младите на аплцираат на оваа програма , затоа што стекнатото искуство ќе го ностат до крајот на животот. Ќе им трансформира животот на позитивно, ќе бидат збогатени одвнате и како личности , но и како идни професионалци. Европските држави го почувствуваа овој бенефит за размена и мешање на културите кој ги доближи уште повеќе ,особено младите“, вели Давиде Бертони – стажант во ЕК.
Покрај посетата на инстититуциите во Скопје, практикантите од Европската комисија беа и во посета на Старо Нагоричане каде што се врши реставрација и конзервација на споменикот на културата од 14 век Црквата Свети Ѓорѓи со грант од над 1 милион евра европски средства. Задоволни од престојот, овие млади луѓе сметаат дека државата е на добар пат и има што да понуди и на туристички план.
„Имавме одлични средби и со студентите и со претсваниците на институциите.Сега го разгледавме овој споменик на културата, кој се реконструира ,но и посебно не воодушеви.Парите од европската унија се искористени во одличен проект , кој ќе донесе бенефит за целиот регион“, изјави Адам Рит, стажант во ЕК.
„Разгледавме одвнатре, ѕидовите, фреските и на се она што се работи моментално. Ми се допадна целото место, како и малиот музеј пред црквата кој верувам дека има што да понуди на турситите. Луѓето многу топло не примија и овде и во Скопје, воодушевна сум“, рече Малина Кастро, стажант во ЕК.
Во рамките на посетата европските практиканти се сретнаа и со претседателот Ѓорѓе Иванов и Министерот за надоворешни работи, Никола Попоски.
Разговараа со претставници на граѓанскиот сектор , а беа во посета и на Шуто Оризари каде што информираа за ромското прашање и подобрувањето на нивниот статус преку проектот Декада на ромите.
Габриела Димковиќ
