Македонија претставена на Меѓународниот саем на туризам во Белград

22.02.2015 17:07

Во Белград во тек е 37-от Меѓународен саем на туризмот на кој меѓу 50 држави по четврти пат успешно и организирано се преставува и Македонија...

Во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот богата програма на Македонија, преку деновите на македонскиот туризам, со огромен интерес на штандот, Македонска и Охридска вечер, бројни контакти со што започна големата медиумска кампања на Македонија во Србија. Се со цел зголемување на бројот на туристи.

„Српскиот пазар за нас е еден од главните туристички пазари. Имаме над 40.000 посетители, кои остваруваат над 77.000 ноќевања во Македонија и се вбројува во првите 5 држави по посетеност според рангирањето. Очекуваме во иднина да го зголемиме овој број за околу 100% во период од 5 години. За оваа година имаше раст од близу 9% и очекуваме оваа тенденција да продолжи“, вели Кристијан Џамбазовски, директор на Агенција за поромоција и поддшрка на туризмот.

Преку гостување на РТС и големата прес- конференција што ја водеше амбасадорот на култура Зафир Хаџиманов, Македонија се претстави како земја на сетилата. Најавен е и заеднички настап на трети далечни земји.

„Создаваме асоцојација на 6 држави од регионот со цел преку заеднички туристички производ да привлечеме повеќе гости од далечните земји“, изјави Александар Сеничиќ, директор на ЈУТА.

Со 200 званици на Охридската и Македонската вечер- во Белград најзастапени беа туристичките, културните  и гастрономските потенцијали на Македонија.

„Дејствувавме на промотивни вечери. Денеска на Македонска вечер, каде што присуствуваат голем број амбасадори, преставници на дипломатскиот кор, туристички организаци и тур оператори. Заедно- се со цел да го промовираме културно-уметничкото и природното богаство на Република Македонија“, изјави Вера Јовановска Типко,  амбасадор на Република Македонија во Белград.

Белградскиот саем за туризам е најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа со рекордни 1.031 излагачи од 50 земји.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград од МРТ