Кризните штабови на терен: Нема опасност од нови поплави

22.02.2015 17:14

Под контрола е нивото на водата– велат надлежните. За настраданите во поплавените подрачја, од Црвениот крст се собрани 15 и пол милиони денари хуманитарна помош...

Реките се во своите корита. Акумулациите се испразнети. Каков и да биде интензитетот на најавениот нов бран врнежи, нема опасност од поплави, велат надлежните.

Поради зголемување на подводните води можно е на места да се очекува пропаѓање на земјиштето, но тоа не би било од широки размери.

Во последните поплавите настрадаа многу семејства. Уништени беа имоти, земјоделски површини, инфраструктурата. Тимови на црвениот крст,  оптшините  и центрите за социјални работи вршеа проценка на штетите.

А хуманоста го направи своето. 250 илјади евра се собрани преку телефонската донаторска линија и Фондот на солидарноста каде донираа граѓаните и компаниите.

Освен пари во кампањата за помош на поплавените беа донирани 300 тони вода, 950 пакети со храна, 2.000 пакети за хигиена, 3.000 ќебиња 200 душеци, 280 литри дезинфекциони средства, бебешки храна, пелени и облека.

Црвениот крст и покрај тоа што кампањата заврши ќе биде отворен за хуманитарна помош.

 

Фиљана Кока