Грнчаров раскина со Ботев
Спортскиот директор на бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив Александар Александров не му го прости скандалот на Бобан Грнчаров и во договоро со управата на клубот, одлучи да го ослободи од обврските во клубот. Македонскиот интернационалец ја имаше подршката од навивачите кои застанаа во одбрана на Грнчаров и поведоа акција за да го задржат во клубот, но спортскиот директор на Ботев не попушти и по конфликтот го суспендираше нашиот репрезентативец.

По отстранувањето од првиот тим поради непристојно однесување, бугарските медиуми шпекулираа дека Грнчаров ќе биде продаден на Левски, кој покажал интерес за него. Но, како што пишуваат спортските медиуми во Бугарија дилемата ја решил самиот Грнчаров, кој побарал годишна плата од 180.000 евра за да се пресели на ,,Герана“ во Софија.
За услугите на „Грне“ кој за Ботев одигра 55 натпревари без да биде заменет и постигна 4 гола, биле заинтересирани и екипи од Англија, Израел и Русија. Грнчаров кој е дете на Вардар во својата кариера настапувал и за ОФК Београд, Металург Доњецк, Гент, Лирс, Макаби Петах Тиква и Апоел.