Прилеп во знакот на карневалските маски
Прилеп денес живее карневалски. Се одржува 14 меѓународен карневал „Прочка 2015“ околу 2.500 маскирани дефилираа во центарот со многу мајтап, традиција и гости од 10- ина земји...

Цел град на Прочка е карневал. Прилеп денеска живее со, маските, современи, традиционални, мајтапџиски, со преправањето, како што велат прилепчани.
Околу 2.500 групни и поединечни маски - дел од дефилето во центарот на градот. Овој карневал, 14- ти по ред со вековната традиција на мечкарите, на суратите и на прапорците, е најмасовен.
За прв пат гости од Турција, Италија, а ги има маските од Корча Абанија, од Србија, Хрватска, Бугарија, Украина, од цела Македонија.
Жири ќе ги прогласи најдобрите, а карневалската забава продолжува до раните утрински часови во прилепските кафулиња.
За прв пат таму ќе се избираат најдобрите маски. Прилепските мечкари и еснафот касапи утре, традиционално ќе ја завршат оваа голема туристичка атракција со посна трпеза за гостите.
Елизабета Митреска
