Аудиција: Голем интерес за новата детска серија

22.02.2015 17:40

Во студијата на МРТ денеска се оддржа аудиција за новата детска серија која ќе почне да се снима наскоро. Серијалот е адаптиран на модерното време и со поука за македонските традиционални вредности. Серијата ќе ја работи Тинтири Минтири во копродукција на МРТ...

Голем е интересот за детската серија што наскоро ќе почне да се снима во Скопје. Продукцијата Аури пигмент во соработка со МРТ ги избираат најдобрите млади актери.

Името на серијата не се открива, но ќе обработува тема од модерното време во кое се негуваат македонските традиционални вредности.

Децата во Македонија, оценува режисерот Кузман Кузмановски се прилично талентирани за глума, но знаат и да пишуваат сценарија.

Имињата на кандидатите што ќе ја поминат аудицијата ќе бидат објавени на официјалната веб страница на продукцијата.

 

Анита Димитријевска