Видео доказ: Бошкоски тргува со пратенички места

22.02.2015 17:48

Видеото од предизборието во 2011- тата објавено на „Јутјуб“, покажува како опозицијата ги прекршила сите изборни норми и тргувала со пратенички места и со изигрување на правилата за фер рекламирање...

Нов скандал со трговија со пратенички места и со директно ангажирање на новинари од медиуми кои се под контрола на опозицијата, откриваат снимките што се појавија на „Јутјуб“. Бошкоски на снимките јавно кажува дека во замена за помала цена за реклами на една приватна телевизија, тој ќе постави една новинарка како кандидат за пратеник на втората позиција на листата на својата партија во четвртата изборна единица.

„Да, да, да, само да видиш, сега со парите кога ќе имаме ние да ги платиме и другите медиуми да можам да се рекламирам на Сител, на Tелма, на А1, ќе ставам еден човек од нив,  една новинарка. Таа Велија ми ја препорачува. И да биде на второ место во 4- та изборна единица. Со тоа на А1, минимално ќе им платиме на А1. Иначе тие се најскапи нели, во минутажа“, вели Бошкоски во видеото.

Ова е видео од предизборието од 2011-та година. Според познавачите, опозицијата која нон стоп зборува за слобода, за изборни правила гледаме на дело како се однесувала.

Велат, новинарите ги третирале како стока на пазар за добивање на попусти. Ги прекршиле сите изборни норми со трговија со пратенички места и со изигрување на правилата за фер рекламирање, бидејќи договарале рекламирање без пари.

 

Наташа Јанчиќ