Граѓаните разочарани од постапките на Бошкоски
Граѓаните гневни- тоа што го правел Љубе Бошкоски е срамно. Згрозени се од фактот дека како на пазар лицитирал за името на државата...

Револтирани и гневни, граѓаните со остри критики за како што велат срамот што го правел Бошковски,особено погодени како гласачи. Ги коментираа објавените видеа на кои се гледа дека тој земал пари, за името и дал ветување дека доколку дојде на власт ќе го смени.
„Тој човек е глуп. Го донесоа од странство , не знаеше да биде човек, го затворија и треба да е во затворт. Не е македонски патриот...Ниско, ниско- тој човек не мисли на државата, ниту на народот... Тој како си прави ќе си трга“, велат анкетираните граѓани.
Срам за братот, за пари да ја продаде својата мајка, предавник. Мајка Македонија никогаш не ги мрази своите деца, ја разочара сопствената мајка. Глумење лажен патриот. Ете зошто СДСМ го брани Љубе, работат за ист шеф. Нервозата на Сашо е оправдана, македонскиот народ не смее да пати од вакви предавници... ова се дел од многуте коментари кои се појавија на Ју туб под објавените видеа и по социјалните мрежи.
Аналитичарите со став дека за името како да лицитирал на пазар.
„Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема. Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам...“, вели Бошкоски во видеото.
Според познавачите, земањето пари, кое, како што велат се гледа од самото видео, го потврдувал фактот за незаконско финансирање на кампања. Тоа биле пари кои не ги пријавил и за кое дело потоа е осуден врз основа на докази, велат тие.
Според нив, за згрозување е и фактот, дека ќе ги обработи граѓаните, а потоа во два дена ќе го смени името. Се фали, велат познавачите, претставувајќи го народот како да е малоумен и дека ќе ги изманипулира . Добива пофални зборови од јужниот сосед.
„Само да знаеш дека грчката влада е одушевена од тебе“... „Северна Македонија“ е „перфектно“ име за државава- вели посредникот. Бошкоски одговара: „Така де, така е“... „Сакам и ти да придонесеш стварно да го решиме проблемот со името еднаш засекогаш“...
Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговара на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓани на Републиката (се мисли на Северна Македонија).
Дилема кај аналитичарите - „СДСМ брани ваков човек, но кој е мотивот “? Се паршуваат - „Дали ова однесување се поклопува со свитканата кичма на Заев па затоа го бранат иако на дело се гледа како продава име за пари“.
Наташа Гркова- Петрушевска
