Претседателот на албанскиот парламент во посета на Пустец
Шефот на парламентот се заблагодарил за вредностите кои ги носи македонската заедница, нагласувајќи дека албанскиот Парламент го поддржува развојот и зачувувањето на традициите на македонската зедница...

Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета ги посети Македонците во Пустец. Оствари средба и со градоначалникот Едмонд Темелко. Жителите го информирале Мета за проблемите со кои се соочуваат.
Шефот на парламентот се заблагодарил за вредностите кои ги носи македонската заедница, нагласувајќи дека албанскиот Парламент го поддржува развојот и зачувувањето на традициите на македонската зедница и ветил дека ќе се ангажира за итна реконструкција на гимназиската зграда во Пустец и печатење на учебници на македонски јазик.
Воедно ветил дека макисимално ќе се заложи за субвенции за земјоделците, како и инвестиции за инфраструктурни зафати.
