Земјотрес во Тузла: Четири луѓе загинаа во рудникот Дубраве

22.02.2015 18:14

Како што пренесуваат босанските медиуми мажите дошле во тузланскиот рудник Дубраве каде незаконски ископувале јаглен, од земјотресот се урнал потпорен ѕид.

Четири лица загинаа, а едно е повредено во земјотрес со интензитет од 3,6 степени по Рихтер, што доцна синоќа ја потресе Тузла.

Како што пренесуваат босанските медиуми мажите дошле во тузланскиот рудник Дубраве каде незаконски ископувале јаглен, од земјотресот се урнал потпорен ѕид.

Врз нив се урнала голема количина земја. Спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да дојдат до телата на жртвите.