Црногорскиот вицепремиер Лукшиќ во официјална посета на Македонија

23.02.2015 08:48

Се очекува да бидат разменети мислења за европската перспектива на сите земји од регионот, како и за глобалните и регионални безбедносни предизвици...

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора Игор Лукшиќ денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.
 
За време на средбата, министрите за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и на Црна Гора Игор Лукшиќ, ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка.
 
Се очекува да бидат разменети мислења за европската перспектива на сите земји од регионот, како и за глобалните и регионални безбедносни предизвици.
 
Попоски и Лукшиќ ќе потпишат меморандум за колокација на дипломатско - конзуларните претставништва.
 
За време на посетата Лукшиќ ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.