Отворени денови со катастарот во Скопје

23.02.2015 08:52

Од Агенцијата ги повикуваат сите граѓани кои имаат какви било нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат да се консултираат со вработените во Институцијата...

Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до 27 февруари (петок) во период од 9 до 17 часот во Центарот за катастар на недвижности во Скопје кој се наоѓа на ул. Дрезденска бб организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на град Скопје.
 
Од Агенцијата ги повикуваат сите граѓани кои имаат какви било нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат да се консултираат со вработените во Институцијата.
 
Оттаму информираат дека граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот на телефонските броеви  3097-300 и 3097-337.