Сточарство: Во тек е конкурс за избор на овластен субјект за заштита на биолошката разновидност

23.02.2015 11:23

Заштита на биолошката разновидност и чувањето на генетскиот материјал на добитокот има голема улога во развојот на сточарството. Оваа активност ќе ја врши овластен субјект, избран на јавен конкурс...

Во тек е конкурсот за избор на овластен субјект за заштита на биолошката разновидност во сточарството за оваа година.

Тој треба да формира база на податоци за автохтони и заштитени раси на добитоки и да направи модел за економската исплатливос. Ќе се дефинира и загубената добивка од одгледувањето на домашните примитивни раси.

Дејноста може да ја врши само субјект од областа на сточарството со соодветна техничка и кадровска опременост.

Пријавувањето на конкурсот е 10 дена од неговото објавување.

 

Методија Трајков