Мал дел од земјоделците ги осигуруваат посевите

23.02.2015 11:35

Mал дел од земјоделците во кумановско ќе добијат обештетување од поплавите кои го зафатија подрачјето, затоа што не ги осигурале своите посеви. И покрај поволните услови за осигурување и владините субвенции, многу мал процент на земјоделци ги искористиле овие поволности информираат од осигурителните компании...

Природните катарофи се случуваат кога најмалку очекуваме. За тоа потврда се неколкуте серија поплави кои ја зафатија државата, вклучувајќи го и кумановскиот регион. Штететите од неверемето се високи, при што уништија голем дел од земјоделски посеви. И покрај ова мал е процентот на  земјоделски осигуреници, информираат од осигурителните компании и додават дека и Владата одобрува и покрива средтва за осигурување на имот преку швајцарката компанија Европа Ре.

„Државата преку јавно- приватно партнерство преку реосигурателната компанија од Швајцарија има склучено договор и формирано реосигурителна компанија за осигурување на штети во земјоделието ,исклучиво од ктастрофални ризици“, изјави Среќко Петровски, претставник на осигурителна компанија.

„Бевме на терен сите околни Општини ги понудивме пакетите и условите, им објаснивме за бенефитот што го носи осигурувањето, но за жал досега нема никаков интерес од нивна страна“, вели Локман Исмаили, претставник од осигурителна компанија.

Според осигурителните компании на годишно ниво, земјоделките инвестираат во осигурувањето минимален процент во однос на земјоделсците од регионот, а неспоредливо понизок од европаксиот стандард. Од вкупното осигурување на земјоделските производи, дури 97% отпаѓа на грозјето, а мал дел на јаболка и други овошја. Скоро воошто на житни култури.

„Причината за тоа сметам дека е недоволната информираност на луѓето за замјоделското осигурување, а втората причина е што ние имаме многу пониска самоодговорност, отколку во западните земји, вели Александар Алексовски, осигирутелен брокер.

Во Куманово пак нема ниту еден осигуреник во една осигурителна компанија. Позитивен тренд има кај земјоделците во другите градови како што е Кавадрци, Неготино и Гевгелија. Потребно е подигање на свеста кај фармерите за оваа важна област како Европа  и во оседните земји, каде што најмногу внимание се псоветува токму на осигурувањето на посевите.

 

Габриела Димковиќ