Еврото поскапе во однос на доларот по договорот меѓу Еврогрупата и Грција

23.02.2015 12:23

Златото во петокот поевтини при променливата трговија, по одлуката на Еврогрупата...

Еврото поскапе во однос на доларот, откако министрите од еврозоната се согласија да го продолжат спасувачкиот план за Грција за нови четири месеци.

Германија, која е и најголем кредитор на Грција, инсистираше да бидат направени „значителни подобрувања“ во заложбите за реформите на Атина.

Златото во петокот поевтини при променливата трговија, по одлуката на Еврогрупата.

Владата на Ципрас денеска до Брисел и до надлежните финансиски кредитори треба да достави листа со реформи, како подлога за договорот за продолжување на програмата за штедење.