Голем пожар и експлозии во Белград
23.02.2015 12:34
Според информациите нема повредени, а пожарот е ставен под контрола. Околу 60 пожарникари учествувале во борбата со огнената стихија...

Голем пожар и експлозии избувнаа изутрината во магацин во Белград. Гореле простории на 3.000 квадратни метри во кои повеќе фирми чуваат „домашна хемија“, која е тешка за гаснење.
Според информациите нема повредени, а пожарот е ставен под контрола. Околу 60 пожарникари учествувале во борбата со огнената стихија.
Началникот за вонредни ситуации Предраг Мариќ изјави дека експлозиите го отежнувале гаснењето на пламените јазици кои достигнувале и до 50 метри.
Еколошките друштва соопштија дека нема опасност од загадување на воздухот.
