САД: Откажани 1.000 летови поради снежното невреме
23.02.2015 12:40
Поради опасните услови на патиштата во Луизијана е воведена вонредна состојба...

Снежното невреме и ниските температури ги погодија западните и јужните делови на САД и ги принудија властите да откажат голем број летови и да затворат неколку училишта.
Поради опасните услови на патиштата во Луизијана е воведена вонредна состојба.
Снежното невреме му се закани и на југоистокот од калифорнија, а во Колорадо се забележани големи снежни врнежи кои предизвикаа проблеми во сообраќајот.
