Попоски-Лукшиќ: Македонско - црногорската соработка пример за регионот
23.02.2015 12:54
На средбата било разговарано и за понатамошна економска соработка на двете земји како и за евроатланските интеграции...

Македонија и Црна Гора со заедничко конзуларно претставништво во париз. Ова е еден од договорите кој денеска беше потпишан меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски, и неговиот гостин од Црна Гора, министерот Игор Лукшиќ.
Двацата се согласија дека ова е пример за регионот и рекоа дека разгледуваат уште неколку дестинации за слична соработка.
Покрај ова, на средбата било разговарано и за понатамошна економска соработка на двете земји како и за евроатланските интеграции.
Црногорскиот министер за надворешни работи имаше средба и со претседателот Ѓорѓе Иванов.
