Европските пратеници за македонскиот јазик
Шпанскиот европратеник Хорди Себастиа од групата на Европската слободна алијанса/Зелени ја критикува картата на „Дијалектите на бугарскиот јазик во и надвор од гранциите на Бугарија“, која според него промовира застарената бугарско ултра-националистуичка идеологија, барајќи од Европската комисија да каже дали ги корнтолира проектите кои се финасирани од европските фондови и кои се спротивни со европските принципи...

Хорди Себастиа во пратеничкото прашање упатено до Европската комисија, нагласува дека „целиот овој проект“ за дијалектите на бугарскиот јазик, во и надвор од границите на Бугарија, „има многу малку врска со науката и тој јасно ја промовира застарената бугарско ултра-националистичка идеологија“.
Европратеникот согледува дека овој документ издаден од Бугарскара акдемија на науките, „де факто го негира постоењето на македонскиот јазик, односно дека сите Македонци кои го зборуваат тој јазик во Бугарија, Република Македонија, Грција и Албанија, според студијата всушност зборуваат дијалекти на бугарскиот јазик.“ И не само ова, „половина од населението на Балканскиот полуостров, вклучувајќи и области во Романија, Турција и Србија, зборувале бугарски јазик.“
Европратеникот од редовите на Европската слободна алијанса/ Зелени, ја прашува Европската комисија, со оглед дека проектот беше првенствено финансиран од Европскиот социјален фонд, - дали Комисијата и посебно комесарите, Наврачикс, Хан и Мосоквиси се свесни за содржината на овој проект?
Шпанскиот европратеник понатаму ја прашува комисијата „дали е прифатливо Европскиот социјален фонд и даночните побврзниви на ЕУ да финансираат проекти кои промовираат расизам и нетолеранција, а со тоа се прекршуваат основните принципи на ЕУ“.
Себастиа на крајот сака да дознае дали Комисијата врши било каков вид на контрола врз содржината на проектите кои таа ги финансира. Ако е тоа така зошто не успеала да идентификува очигледни контарверзи кои ги предизвика оваа карта.
Одговорот од комисијата стигна во писмена форма, потпишан од страна на Комесарката Мариан Тијсен.
Таа притоа се оградува од содржината на студијата на тимот на бугарските научници.
„Комисијата би сакала да напомене дека таа е надлежна за евалуација и мониторинг на проектите ко-финаисирани од Европските структурни фондови, од аспект на нивното финансиско управување, одговорноста за заклучоците развиени во рамките на овие проекти почива во целост на корисниците и особено на авторите на истражувањето“, во случајов бугарскиот тим на научници.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
