Иванов се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Лукшиќ
На средбата, соговорниците изразија задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Црна Гора и беа реафирмирани заедничките стратешки цели, мир и стабилност во регионот и членство во европските и евроатлантските структури, соопштуваат од Кабинетот на претседателот...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Игор Лукшиќ, потпретседател на Владата и Министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора.
На средбата, соговорниците изразија задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Црна Гора и беа реафирмирани заедничките стратешки цели, мир и стабилност во регионот и членство во европските и евроатлантските структури, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.
Претседателот Иванов ја поздрави одличната политичка соработка и континуираните средби на сите нивоа и истовремено потенцираше дека економската соработка, инвестициите и инфраструктурното поврзување меѓу двете земји, како и регионалната соработка и соработката во евроатлантските интеграции, треба да бидат врвни приоритети во натамошните односи меѓу двете земји.
На средбата беше изразено заемно задоволство од потпишувањето на Протокол за колокација на дипломатско- конзуларните претставништва.
