Започнува исплатата на парична помош за штетите од невремето во Дојран
23.02.2015 14:13
Вкупно ќе бидат исплатени 5.742.000 денари...

Општина Дојран во следните 30 дена ќе им исплати парична помош на земјоделците и семејствата кои претрпеа штети од невремето што ја зафати општината во јуни 2014-та година.
По доставените елаборати во кои беа евидентирани сите кои претрпеле штети, владата одобри исплата на парична помош во висина од 15 насто од проценетата штета.
Вкупно ќе бидат исплатени 5.742.000 денари. Од општината со став дека парите доаѓаат во вистинско време пред почетокот на пролетната сеидба.
