Македонија и Хрватска ќе соработуваат во областа на образованието
Двете земји во иднина се обврзаа да соработуваат во полето на заедничките интереси и предизвици и со заеднички проекти да аплицираат за добивање срества во европските фондови...

Програма за соработка во областа на науката, технологијата и образованието за наредниот тригодишен период потпишаа министерствата за образование на Македонија и Хрватска.
Двете земји во иднина се обврзаа да соработуваат во полето на заедничките интереси и предизвици и со заеднички проекти да аплицираат за добивање срества во европските фондови. Досегашната соработка е оценета како солидна.
Хрватскиот министер за образование оцени дека нашата земја во некои делови е понапред од Хрватска, како што се деветолетката и екстерното тестирање.
Прашан дали Државниот испит на факултетите останува како опција, министерот Адеми рече дека за тоа ќе одлучуваат работните групи.
